Прва европска обврска за браќата Илиевски

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за втората рунда од Европскиот Куп во машка и женска конкуренција.

Македонските арбитри и делегати ќе имаат обврски, а прво делегирање има за Методија и Михајло Илиевски, кои од летово имаат ЕХФ значка.

Битолчаните ќе го судат двомечот од второто коло во женскиот Европски Куп меѓу Истогу од Косово и исландскиот Пор.

Двете средби ќе се играа во Истог во Косово на 15 и 16 октомври.