Пранди излезе од болница, се враќа на терен за неколку недели

Репрезентативецот на Франција, Елохим Пранди беше пуштен на домашно лекување, откако го заврши периодот на закрепнување, по нападот ноќта меѓу 31 декември кон 1 јануари.

Членот на ПСЖ беше нападнат во текот на новогодишната прослава во ресторан во престолнината на Франција. Пранди беше шест пати прободен со нож поради мала расправија. Веднаш после инцидентот, тој беше примен во болница.

Неговиот клуб објави дека тој ќе следи индивидуализирана програма за целосно да се опорави. Според најавите, неговото враќање на терените ќе биде за неколку недели.

Тоа значи дека Пранди би можел да биде подготвен за преостанатите натпревари од Лигата на шампионите кои ќе продолжат да се играат од средината на февруари. ПСЖ, есенскиот дел од сезоната во Лигата на шампионите го заврши како второпласиран во својата група.

Младиот ракометар поради немилиот настан ќе го пропушти Европското првенство во Унгарија и Словачка.