„По финалето на СП во Македонија нема да спијам уште многу ноќи…“

Иако не беше вбројувана меѓу топ фаворитите за место меѓу најдобрите, сепак селекцијата на Јужна Кореја ги изненади многумина.

Азиската репрезентација стана светски шампион откако во финалето ја совлада Данска со 31-27. Селекторот Сон Џин Ким вели дека нема да спие уште многу ноќи по овој натпревар.

„Нема да спијам уште многу ноќи после финалето на Мундијалот во Македонија. Каков натпревар беше тоа! Сакам да им се заблагодарам на сите фанови што славеа со нас. Сакам да им честитам на сите мои ракометарки, тие направија фантастична работа. Горда сум на нив“, вели Ким.

Корејките испишаа историја со оглед на тоа што се прва репрезентација надвор од Европа што освојува трофеј на кадетско СП во женска конкуренција од стартот во 2006 година.

Јужна Кореја е нов светски првак, се радува на злато во Македонија

Мундијалски Ол Стар тим: Ким е МВП, уште две Корејки меѓу најдобрите