Мундијалски Ол Стар тим: Ким е МВП, уште две Корејки меѓу најдобрите

Селекцијата на Јужна Кореја е нов шампион на светот во кадетска женска конкуренција, откако во финалето славеше над Данска со 31-27.

По финалниот меч беше прогласен и Ол Стар тимот на Мундијалот во Македонија.

За најкорисна ракометарка, односно МВП беше избрана Минсео Ким од Јужна Кореја. Средниот бек на освојувачот на трофејот беше меѓу најдобрите поединци на азиската репрезентација во осумте победи во Скопје.

Најдобар стрелец е данската репрезентативка Џули Скаглионе соо 62 гола.

Ол Стар тим, СП Македонија:

МВП: Минсео Ким, Јужна Кореја

Голман: Ида Кајсен, Данска
Лево крило: Стела Хуселиус, Шведска
Лев бек: Џули Скаглионе, Данска
Среден бек: Петра Симон, Унгарија
Десен бек: Хуевон Ли, Јужна Кореја
Десно крило: Сеојеон Ча, Јужна Кореја
Пивот: Роме Маршалкерверд, Холандија