По три години ќе има нов клуб: Сара Митова замина од Сондерјиске

Македонската интернационалка Сара Митова од следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Таа по три години се замина од данскиот Сондерјиске, со кој беше на чекор од обезбедување на место во данската елитна лига.

Ракометните шампионати во сите конкуренции во Данска веќе се завршени, па Митова нема повеќе обврски кон Сондерјиске.

Ова беше прв интернационален предизвик за младата ракометарка, која во Македонија имаше настапи за Вардар Јуниор и за Вардар.