По седум сезони Ивица Илиев заминува од Радовиш

Средниот бек Ивица Илиев, по седум сезони минати во тимот на Радовиш, заминува од овој клуб.

Договорот на велешанецот заврши на крајот на месец мај, па тој не настапи на вчерашниот дуел со Астраион, а нема да биде дел од ростерот ниту на бараж мечот со Шампион.

Илиев долги години е меѓу најдобрите стрелци во суперлигашкото друштво и беше лидер на Радовиш.

Покрај за матичниот клуб Борец и за Радовиш, средниот бек беше дел и од екипата на Овче Поле од Свети Николе.

Со оглед на тоа што станува збор за искусен организатор на играта и одличен пеналџија, сигурно понуди нема да му недостигаат и наскоро ќе биде позната неговата нова средина.