По пет месеци пауза, Барса тргна со тренинзи

Ракометарите на Барселона по пет месеци пауза, го одржаа првиот тренинг и ги стартуваа подготовките за новата сезона во која ги чекаат многу предизвици.

Како и повеќето екипи, така и каталонците поголем дел од тренинзите ќе ги одработуваат на отворено, а дел од нив и во сала кога ќе треба да се работи со топка.

По тренинзите во Барселона, избраниците на Чави Пасквал како и секоја година, ќе заминат на подготовки во Андора.

Каталонскиот гигант ова лето донесе четири засилувања – Ханиел Лангаро, Блаж Јанц, Луис Фраде и Домен Макуц.

Првиот натпревар во сезоната би требало да биде одигран на 29 август во рамките на Суперкупот, првиот викенд од септември ќе стартува Асобал лигата, а потоа ќе се игра и првото коло од Лигата на шампионите.