По пет години се враќа дома – Христијан Милошески потпиша за Прилеп

Тимот на Прилеп продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона во која ќе има зголемени амбиции.

Од ланскиот ростер, Прилеп нема да смета на искусниот Златко Везенковски и на Ивица Дукоски, а во меѓувреме е промовирано првото засилување.

Станува збор за левиот бек Христијан Милошески, кој по пет сезони се враќа во родниот град.

Во меѓувреме тој играше во Скопје во тимовите на Вардар Јуниор, Работнички и Бутел Скопје.

Претходно, составот на Прилеп ги продолжи договорите со левиот бек Давор Шокоски и десното крило Реваз Чантурија.