По осум години, Македонија повторно ќе игра на Мундијал!

Женската кадетска репрезентација на Македонија со освојувањето на златото на ЕХФ шампионатот во Литванија, имаше двојна добивка.

Не само што обезбеди настап на Европско првенство за кадетки и младинки во 2023 година, туку обезбедија пласман и на кадетското Светско првенство во 2022 година што ќе се игра во Грузија.

Од следната година Мундијалите и во кадетска и во младинска конкуренција и кај мажите и кај жените ќе се играат со 32 репрезентации, па ќе има повеќе учесници од Европа.

Тоа требаше првпат да биде применето во машка конкуренција оваа година, но тие Мундијали беа откажани, па првите со по 32 селекции ќе бидат женските догодина во Грузија за кадетки и Словенија за младинки.

Прв и последен пат кадетките играа на Мундијал во 2014 година, кога домаќин беше Македонија.