По една година пауза: Делчево повторно ќе игра во Првата лига

Тимот на Делчево, кој пред две години успешно настапуваше во Првата лига, веројатно повторно ќе се пријави за учество во второто по ранг македонско натпреварување.

Планот е ростерот за екипата да биде составен претежно од ракометарите кои што играа и пред две години и им откинаа бодови и на неколку фаворити.

Во составот би требало да играат Гоце Ѓеоргиевски, Мирче Ѓеоргиев, Стефан Златковски и уште неколку кои во меѓувреме играа за други екипи.

Рокот кој им го даде Ракометната федерација на екипите да се пријават за лигите е 30 јуни, па дотогаш би требало да ја имаме и конечната листа и да знаеме колку екипи ќе брои Првата лига.