Почнува Лигата на Европа: Бенфика го брани тронот, другите напаѓаат

Со 12 натпревари кои ќе бидат одиграни денеска стартува новата сезона од групната фаза во Лигата на Европа. Македонија во оваа фаза свој претставник ќе има во тимот на Еурофарм Пелистер, кој обезбеди директно место, додека останатите два тима од Македонија, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје не успеаја да обезбедат пласман меѓу најдобрите екипи во второто по ранг европско натпреварување, откако беа елиминирани во првото, односно второто квалификациско коло.

Како што е веќе познато, Еурофарм Пелистер во првото коло ќе го пречека тимот од Данска, Архус, кој до главната фаза стигна со две победа над Кристијанштад во второто квалификациско коло. Овој натпревар ќе биде првиот европски тест за тимот од Битола кој ќе има задача да се избори за позитивен резултат и убав почеток на сезоната во Лига на Европа. Минатата сезона, тимот на Еурофарм Пелистер стигна до осминафиналето, додека за годинешната сезона има амбиции да оди едно скалило погоре.

Освен во Битола, интересно се очекува да биде и на останатите 11 дуели од Лига на Европа, а сезоната од групната фаза ќе биде отворена со натпреварот меѓу унгарски Балатонфуреди и екипата на Грањолерс од Шпанија. Актуелен бранител на титулата е екипата на Бенфика, која во првото коло му гостува на словачкиот шампион Татран Прешов.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ГРУПА А

18:45ч

ГЕПИНГЕН – ВЕСПРЕМ ККФТ

20:45ч

КАДЕТЕН – МОНПЕЛЈЕ

ПРЕШОВ – БЕНФИКА

ГРУПА Б

18:45ч

ИШТАД – ЕКС АНД ПРОВАНС

20:45ч

ФЛЕНСБУРГ – БЕНИДОРМ

ВАЛУР – ФТЦ

ГРУПА Ц

17:00ч

БАЛАТОНФУРЕДИ  – ГРАЊОЛЕРС

18:45ч

СКЈЕРН – НЕКСЕ

20:45ч 

СПОРТИНГ – АЛПЛА ХАРД

ГРУПА Д

18:45ч

МОТОР – ФУКСЕ БЕРЛИН

20:45ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АРХУС

БИДАСОА – АГУАШ САНТАС