Почнаа отказите – Винцек нема да игра на Мундијалот во Египет

Во изминатиот период имаше доста коментари и реакции од ракометари и тренери дека е најдобро претстојното Светско првенство во Египет да биде одложено. Прв ракометар кој одлучи да не настапува на првенството е Патрик Винцек.

Репрезентативниот пикер на Германија и играч на Кил лично во телефонски разговор му соопштил на селекторот Алфред Гисласон дека нема да игра на Светското првенство 2021 година во Египет.

„Ова беше една од најтешките спортски одлуки во мојот живот. Чест е да се носи репрезентативниот дрес, но јас не сум само репрезентативец туку и играч на Кил а пред се семеен човек“, рече Винцек за клупскиот сајт.

Светското првенство ќе се игра од 17 до 31 јануари во четири градови во Египет. Македонија е прва резерва за настап доколку некоја од 32 селекции нема да може да патува на Мундијалот