Потег за почит – Првиот човек на пелистерци со новогодишен подарок за подмладокот на битолчани

Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, реши да ги изненади сите ракометари од младинскиот погон на битолскиот тим.

Стерјев се одлучи како новогодишно „пакетче“ да им ја подари автобиографијата на капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров.

„Секогаш на победа“ ќе се најде во рацете на сите ракометари на подмладокот на битолчани, а тие ќе имаат можност да дознаат многу работи што не ги знаеле за нивниот идол.

Лазаров, по Свети Николе и Велес, голем дел од својот пат кон светските височини мина и во Битола во редовите на Еурофарм Пелистер, ќе ги израдува младите битолчани и со посебни посвети.

Потег за почит на Стерјев и битолскиот клуб.