После ЕХФ и ИХФ почнува со работа од дома

Како последица од ситуацијата со Корона вирусот, Интернационалната ракометна федерација донесе одлука работењето во следниот период да го префрли од дома.

Персоналот кој е вработен во ИХФ повеќе нема да оди во просториите и обврските ќе ги извршуваат од своите домоби.

Оперативноста на ИХФ ќе биде задржана и понатаму на нивото кое и досега го имаше и ќе продолжи нормално со контактите и обезбедувањето на помош на националните федерации.