После две години Вардар освои нов трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар се врати на тронот во Купот на Македонија откако денеска во финалето го совлада тимот на Еурофарм Пелистер со 26:24. Во интересен натпревар нијанси одлучуваа кој ќе се радува на крајот од средбата. Во текот на сите 60 минути имаше цврста игра од двете страни и големо надигрување, но предноста направена после 30 минути кога беше 16:10 во корист на Вардар беше клучна за на крајот радоста да биде за „црвено-црните“ кои со ова по 14. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија. Ова беше практично пехар после две години бидејќи последен пат „црвено-црните“ се радуваа во 2019 година кога ги освоија трофеите во Супер лигата, Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Вардар – Еурофарм Пелистер (Куп на Македонија, финале)

Екипата на Вардар дојде до победа од 26:24 против Еурофарм Пелистер во финалето од Купот на Македонија и дојде до 14. трофеј во ова натпреварување.