„После Данска бевме мртви, публиката нè рестартираше и нè носеше до петтото место“

Кога ќе ја погледне наназад својата богата кариера поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Лазаров има многу моменти на кои се потсетува со многу емоции.

Сепак ниту една не може да се спореди со онаа во Белград на Европското првенство во 2012 година.

„По поразот од Данска на ЕП во Србија бевме мртви, не знаевме каде се наоѓаме. Четири натпревари одиграни претходно, нè уби голот во последната секунда… Нè чека натпревар со Полска, влегуваме во салата во Белград и околу четири – пет илјади Македонци во неа на сите страни на трибините. По загревање се враќаме во соблекувална и Алушовски ни читаше нешто за мотивација и додека чита на врата се појавува тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов. Само што пристигнал во Белград и сакал да нè поздрави пред натпреварот. Потоа кога излеговме на теренот сите навивачи беа организирани на едно место и кога ’грмна’ во сала ’Македонија, Македонија’ се знаеше дека нема губење повеќе. Го освоивме петтото место. Толку силен рестарт не сум почувствувал. Во тие десетина минути не знам што ни се случи – доаѓањето на претседателот, публиката која не крена, ни даде таков ветер во грб за да стигнеме до тој успех. Се рестартравме, вративме од мртвите и го направивме најголемиот успех – морници ме лазат и денеска.“

Подолу прочитајте го целосното интервју со Филип Лазаров…

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ЛАЗАРОВ: Само Вардар може да ме врати дома!