Последно предупредување за сите што излегоа од „црвената зона“ (ВИДЕО)

Селекторот на женската руска репрезентација, Амброш Мартин, помина само со опомена и предупредување поради прекршувањето на протоколот и излегувањето надвор од „црвената зона“ за време на Европското првенство во Данска.

Мартин излезе од „црвената зона“ и се ракуваше со генералниот секретар на руската федерација кој патем не носеше маска и беше во „сината зона“. Тоа го забележаа камерите на данската ТВ 2, а делегатот на натпреварот меѓу Русија и Чешка, го опомена Мартин за однесувањето, по што овој се врати назад, но потоа се ракуваше со соговорникот.

По тој повод се огласи Европската ракометна федерација.

„ЕХФ упати предупредувања до пет лица од делегациите на Чешка, Србија, Хрватска, Шпанија и Русија поради прекршување на хигиенскиот протокол. Ова предупредување е прво и последно. Секој следен прекршок ќе резултира со исклучување од турнирот“, напишаа од ЕХФ.