Последниот патник во Суперлигата ќе биде познат в петок

Бараж натпреварот меѓу Скопје и Аеродром, што ќе го даде последниот патник во суперлигашката конкуренција го доби својот термин.

Тој ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда, в петок со почеток во 19:00 часот, па пред 21:00 ќе биде познат и 16. член на елитното друштво.

Скопје го заврши суперлигашкиот плеј-аут на петтата позиција и ќе мора преку бараж да брка опстанок.

Аеродром до последното коло во прволигашкиот плеј-оф беше во конкуренција за директно место во Суперлигата, но сепак загуби кај Вардар Неготино, а во последното коло славеше Куманово, па аеродромци мораа во бараж.