Португалците мораа да менуваат: Дуарте експресно во Токио место повредениот Кавалканти

Ракометарот на Монпелје, Жилберто Дуарте отпатува на Олимписките игри во Токио и ќе биде замена за неговиот соиграч од репрезентацијата на Португалија, Александре Кавалканти кој заработи повреда при првиот одработен тренинг во престолнината на Јапонија.

Жилберто Дуарте е искусен репрезентативец на Португалија и со речиси два метри, претставува сериозна закана за секој противник.

Игра на позиција лев бек, а покрај своите одлични партии во нападот, може добро да одигра и во одбраната.

Ракометарот на Монпелје од 2012 година настапува за репрезентацијата на Португалија, но за Олимписките игри беше во потесниот избор за евентуалнa заменa при повредa на некој од португалските репрезентативци.

Португалија на Олимписките игри во Токио се наоѓа во групата Б и за противници ги има репрезентациите на Данска, Шведска, Јапонија, Египет и Бахреин. Утре во првото коло игра против составот на Египет.