Португалија ја чека Македонија во Сењора да Ора

Откако заврши настапот на Светското првенство во Полска и Шведска, машката репрезентација на Македонија следната акција ќе ја има во март.

Тогаш ќе продолжат квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година и двомечот со Португалија за првото место.

Првиот меч меѓу Македонија и Португалија ќе се игра во Скопје на 9 март со почеток во 19:00 часот, додека реваншот ќе игра во Сењора да Ора, близу до Порто.

Терминот за овој натпревар е 12 март со почеток во 18:30 часот.

Потоа за нашата селекција ќе останат уште две средби – гостување кај Луксембург и домашен меч со Турција.

Македонија досега има две победи, исто колку и Португалија, па јасно е дека овој двобој ќе реши која селекција ќе биде на првото место.