Порто си го врати португалскиот „вундеркинд“

Екипата на Порто, во која настапува голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски, преку својата клупска страна објави дека во своите редови го врати младиот талент, Васко Коста.

Раководството на Порто со младиот ракометар, кој има само 16 години, потпиша нов долгорочен договор. Новата соработка на Коста со Порто ќе биде со важност до јуни, 2027 година.

Левиот бек на кој португалските медиуми му предвидуваат блескава иднина, во Порто пристигна во текот на 2020 година, но минатата сезона за поголема минутажа настапуваше на позајмица во екипата на Гаја, каде се покажа во одлично светло.

Порто за следната сезона ги ангажираше и Јакоб Микселсен од Истрес, Џек Турин од Сковде, Игнасио Плаза од АЕК Атина и Николај Кристенсен од Алборг.