„Порано Кире Лазаров ми беше идол, а сега ќе играм со него“

Еден од новите соиграчи на Кире Лазаров во наредната сезона ќе биде рускиот репрезентативец Александар Шкуринскиј.

Тој во интервју за „Брз Центар“ откри дека се израдувал кога слушнал што неговиот идол ќе продолжи да игра уште една сезона.

„Се израдував кога ја слушнав таа вест и зборував за тоа со пријателите. Се сеќавам во моето прво интервју додека уште почнував во СКИФ Краснодар, едно од прашањата беше за мојот ракометен идол. Тогаш ја одговорив – Кире Лазаров. Кога јас потпишував за Нант, ми најавија дека тој ја игра последната сезона, но потоа дознав дека ќе остане. Уште од рано детство ја следев неговата кариера. Иако тој е левак, сепак е бек. Многу ми се допаѓа неговата игра. Се надевам ќе научам многу од него. Тој веќе и ме ’заследи’ на Инстаграм, за мене тоа беше неверојатно“, вели Шкуринскиј.

Рускиот лев бек ќе биде надвор од терените до ноември, кога би требало комплетно да се врати по повредата на лигаментите.