Поранешниот тренер на Вардар ја презема Глорија Бистрица

Романскиот тим Глорија Бистрица објави дека нов тренер за следната сезона ќе биде Ким Расмусен. Данецот својата авантура со новиот тим ќе ја започне на почетокот на новата сезона.

Иако се шпекулираше низ турските медиуми дека Расмусен е сериозен кандидат за преземање на кормилото на Кастамону, сепак Данецот ќе седне на клупата на Глорија Бистрица која во новата сезона ќе биде еден од кандидатите за првата позиција на табелата во романскиот шампионат.

Расмусен е вториот тренер од Данска за новата сезона во романското првенство по Мортен Субак, кој, ќе биде нов тренер во екипата на Дунареа Браила.

Јована Ковачевиќ од Баја Маре и Лаура Моиса од ЧСМ Букурешт се новите ракометарки во Глорија Бистрица за новата сезона, а во наредниот период се очекува да има уште неколку засилувања.

Расмусен имаше краток престој во женскиот тим на Вардар, а потоа го презеде кормилото на ЧСМ Букурешт и успеа со романската екипа да ја освои Лигата на шампионите.