Поранешниот тренер на Вардар го продолжи договорот со Ваљадолид

Поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро го продолжи договорот со шпански Ваљадолид на уште четири сезони.

Писонеро на клупата на Ваљадолид првпат седна во декември 2017 година и се задржа сезона ипол.

Тогаш пристигна во Вардар меѓутоа не се задржа многу долго, отказ доби во 2019 година после лошите резултати. Во редовите на Ваљадолид се врати во јануари 2020 година.

Ваљадолид и Вардар се единствените клубови каде што Писонеро работел како тренер, додека како играч покрај Ваљадолид го носеше уште дресот на Кантабриа и Адамар Леон.