Поранешна репрезентативка на Македонија се враќа во Косово

После одлуката да не го продолжи договорот со тимот на деспина, поранешната репрезентативка на Македонија, Мери Гичева одлучи да прифати понуда од тим од Косово и повторно да биде дел од тамошниот шампионат.

Гичева ќе биде ново засилување во суперлигашот Феризај. Во новата сезона овој клуб освен во домашната лига ќе настапува и во Европскиот Куп.

Искусната ракометарка изминатата сезона со своето искуство и помогна на Деспина за добри резултати во Супер лигата на Македонија и беше една од носителките на играта во екипата од Прилеп.

Во својата кариера, Гичева настапуваше за Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа, Жито Прилеп, Верија (Грција), Цетате Дева (Романија), Верона (Италија) и во екипите на Приштина и Вучитрн од Косово.