Поранешната репрезентативка кажа КРАЈ: Елена Ливриниќ ја заврши кариерата!

Поранешната македонска репрезентативка Елена Ливриниќ реши да ја заврши играчката кариера.

Тоа го направи како членка на унгарскиот тим Сомбатељ, во кој се пресели минатото лето, но заработи повреда и паузираше од терените.

Потекнува од школата на Металург, каде играше до 2016 година пред да се пресели во Романија каде остави длабока трага.

Три сезони настапуваше за Данубиус Галаци, а потоа беше дел од Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева, пред да замине во Унгарија.

28-годишната Ливриниќ настапуваше и за македонската репрезентација, но не заигра на големо натпреварување.