Поранешната вардарка Камила Херем се жали: Целата ситуација е демотивирачка

Поради ковид портоколите ракометот во Норвешка е во застој од пет недели, исто како и сите други спортови кои се играат во затворен простор. Од овие причини екипите кои се натпреваруваат на европска сцена мораа натпреварите да ги играат на гостински терен како домаќини.

Со голем број на проблеми се соочуваа екипите кои настапуваат во домашната лига. Женската екипа на Сола одигра само еден официјален натпревар во домашниот шампионат од почетокот на оваа година. Членката на Сола и поранешна ракометарка на Вардар, Камила Херем за норвешките медиуми изјави дека е тешко да се одржува формата за олимпискиот турнир.

„Целата ситуација со ковид ситуацијата е демотивирачка. Пратив голем број на пораки на раководството на клубот со цел да имаме нов распоред на тренинзи, исто така пораки имаше и до националната федерација за натпреварите. Мораме да размислуваме како ќе останеме во форма“, вели Камила Херем.

Властите во Норвешка кон крајот на месец февруари ги прекинаа сите спортски настани од затворен тип на неодредено време. Сепак, ракометната федерација на Норвешка мора во краток рок да пронајде решение за доигрувањето на сезоната од домашниот шампионат.