Поранешен македонски селектор ќе го наследи Вујовиќ во Загреб?

Веселин Вујовиќ по вторпат замина од клупата на хрватскиот шампион Загреб поради лични причини, „плинарите“ веќе ја активираа потрагата по негов наследник.

Хрватските медиуми веќе започнаа со шпекулациите кој ќе го преземе Загреб пред новата сезона, а еден од кандидатите е поранешен македонски селектор.

Станува збор за Ивица Обрван, кој послендиот тренерски ангажман го имаше во францускиот Шамбери, а своевремено беше на клупата на Загреб.

Има уште двајца кандидати, Ирфан Смаилагиќ и Ненад Кљаиќ, иако вториот најави дека ќе прифати да ја продолжи соработката со грчкиот Олимпијакос.