Поранешен кадетски репрезентативец ќе игра во Германија

Поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Васе Витанов, во пролетниот дел од сезоната ќе игра во Германија.

Тој ќе го има првото интернационално искуство откако потпиша договор со германскиот нисколигаш ТСГ Швабиш Хол.

Витанов потекнува од составот на Тиквеш од Кавадарци, а беше член и на тимот на Јуниор Кисела Вода, од каде што замина во Германија.

Десниот бек кој има 21 година беше дел од кадетската репрезентација на Македонија што настапи на ЕХФ шампионатот во Грузија во 2018 година.