Поранешен голман на Пелистер ќе игра во Асобал лигата

Голманот од БиХ, Харис Плех наредната сезона ќе настапува во првенството на Шпанија. Босанецот ќе биде нов играч на Нава.

Тој во Шпанија ќе пристигне од португалската екипа, Спортинг Хорта. Плех таму играше две сезони и забележа солидни настапи меѓу стативите во португалското првенство.

Плех бранеше за Горажде, грчкиот АЕК Атина, финскиот ХИФК Хелсинки и турксиот МИК Хендбол. Тој беше дел и од битолски Пелистер во сезоната 2018/2019.

Нава е клуб кој ќе претендира на повисок пласман во Асобал лигата. Во завршената сезона обезбеди опстанок, во конкуренција на 18 екипи и заврши на 12. позиција на табелата, а тоа беше доволно да настапува меѓу најдобрите екипи во Шпанија и следната сезона.