Поранешен голман на Еурофарм Пелистер му се придружи на Мандалиниќ во АЕК

Српскиот интернационалец Игор Арсиќ во новата сезона ќе настапува во грчкиот шампионат. Искусниот голман е најновото засилувањето во вицешампионот на Грција, АЕК Атина, кој составува квалитетен тим за следната сезона.

Раководството на АЕК Атина преку клупската страна ја потврди соработката со голманот од Србија. Освен Арсиќ, клубот од Грција го ангажираше и голманот од Мешков Брест, Иван Мацкевич. Арсиќ во сезона 2019/20 настапуваше токму за екипата на АЕК Атина, додека во претходната сезона беше дел од Хапоел Ашдод.

Во минатата сезона, чувари на мрежата во поранешниот грчки шампион беа Петрос Буковинас, Горан Анѓелиќ и Ставрос Папудопулос, но челниците на клубот по неуспехот на домашна сцена, откако не беа освоени националниот шампионат и Куп трофејот, реши да направи комплетен ремонт на екипата.

Арсиќ во својата кариера настапуваше и за ПАОК, Олимпијакос, Ранидчки Крагуевац, Партизан, а во Македонија ги бранеше стативите на двата битолски клубови, Пелистер и Еурофарм Работник, кои сега се еден клуб – Еурофарм Пелистер. Пред извесен период, АЕК Атина ангажираше уште еден екс ракометар на Еурофарм Пелистер – Стипе Мандалиниќ.