Поранешен вардарец се сели во Израел

Некогашниот црногорски репрезентативец Жарко Пејовиќ, откако си замина од романскиот тим Дунареа Калараши, кариерата ќе ја продолжи во израелскиот шампион Хапоел Ашдод.

Тимот што минатата сезона изненадувачки пред Макаби Тел Авив и Хапоел Ришон Ле Зион ја освои титулата, го донесе искусниот 34-годишен Пејовиќ, кој има богата играчка биографија.

Црногорецот мина една сезона во Вардар во времето кога тренер беше Веселин Вујовиќ, а потоа беше член на словачкиот Татран Прешов, словенечкиот Горење Велење и францускиот Данкерк, пред да се пресели во Романија.