Поради финансиски причини – откажан меморијалниот турнир „Гоце и Томе“!

Меморијалниот турнир „Гоце и Томе“, што се одржува(ше) во Богданци, оваа година за жал нема да се одржи.

Тимот на Младост Богданци, со соопштение ја информираше јавноста дека не е во можност да го организира турнирот поради финансиски причини.

Овој турнир беше организиран во чест на Томе Лисичков и Гоце Петрушев, двајца ракометни работници кои оставија неизбришлива трага во ракометот во Богданци.

„По повод Меморијалниот турнир Гоце и Томе 2023 г, кој требаше да се одржи годинава ја известуваме јавноста дека оваа година РК Младост 1977 АД од финансиска гледна точна не е во можност да го организира турнирот. Меморијалниот турнир Гоце и Томе кој се организираше во чест на Томе Лисичков (секретар на Младост) и Гоце Петрушев (претседател на Младост) беше единствениот голем настан кој нашиот клуб во соработка со Општината и бизнис секторот минатите години го организираше успешно и остави голем траг за младите и спортот во Богданци и во Македонија бидејќи доаѓаа екипи од цела држава. Минатата 2022 година покрај јавниот повик до целиот бизнис сектор во Општина Богданци и околината каде беше приложена и сметка од клубот речиси сите фирми (освен 2-3) се оградија од донација и спонзорство за организирање на овој настан што не беше доволно за повторно организирање за еден ваков голем настан. Вечна им слава на Гоце и Томе луге кои направија многу за Богданци, и спортот во Македонија“, се вели во соопштението на клубот од Богданци.

Младост Богданци минатата сезона не успеа да направи камбек во суперлигашката конкуренција, а сезонава ќе биде еден од главните претенденти за местата кои водат во елитата.