Поради тренерите, Митков остана без место „ол стар“ тимот во Австрија

Еден одиграчите кои учествуваше во поголем дел од успесите на репрезентацијата на Македонија, Влатко Митков иако веќе има 40 години успешно настапува во првенството на Австрија.

Доказ за неговите одлични игри беше најголемиот број на гласови добиен од страна на фановите при изборот на ол стар тимот во шампионатот на Австрија. Сепак, ова не беше доволно за да го заземе местото на најдобар десен бек во сезоната.

Митков беше прв во изборот на фановите, но кај тренерите распоредот беше поинаков. Борис Живковиќ таму беше прв, а Митков втор со што практично ги заменија позициите.

При конечниот збир и двајцата имаа по 80 поени. Сепак, при одредувањето на конечниот пласман во случај на ист број поени одлучувале гласовите на тренерите, а таму Борис Живковиќ од Алпла Хард доби повеќе гласови и затоа тој е дел од ол стар тимот. За Митков остана моралната победа бидејќи занего гласаа навивачите.