Поради Мундијалот во фудбал, Европското првенство во Македонија во друг термин

Европското првенство во женска конкуренција што треба да го организираат Македонија, Словенија и Црна Гора ќе се игра во месец ноември 2022 година, за разлика од сите досегашни изданија на континенталните собири кои беа во декември.

Иако ова беше одамна најавено, сега и официјално е потврдено дека ЕП во 2022 година ќе се одржи од 3 до 20 ноември.

Причината што ЕХФ се реши на ваков чекор е тоа што за првпат во 2022 година, Светското првенство во фудбал, што ќе се игра во Катар, ќе биде на програмата во есенски месеци (21 ноември до 18 декември). Досега се играше во јуни и јули.

За да нема преклопување на термините, и фокусот на јавноста да биде насочен кон ракометот, ЕП ќе се игра порано од предвиденото.

Ова ќе биде прво ЕП што е организирано од три држави, но и последно првенство на кое ќе играат само 16 репрезентации.