Поповски маестрален, Цирих славеше кај Ендинген

Екипата на Амичитија Цирих каде што настапува интернационалецот Мартин Поповски имаше одличен натпревар во домашното првенство и оствари важна победа на гости против екипата на Ендинген со 33:27.

Поповски беше одличен на овој дуел, тој имаше извонреден биланс со само едно промашување и седум погодоци за својот тим со што беше прв стрелец.

Уште по првото полувреме екипата на Цирих имаше добро водство, Поповски и колегите водеа со 16:20. И во второто полувреме Цирих одигра одлично за конечна победа.

Поповски и неговиот тим остануваат на деветтото место и се доближија до Базел во борбата за опстанок, а во следното коло Цирих ќе ја пречека екипата на Тун.