Поповски и Цирих со голем пресврт до важен триумф над Базел

Репрезентативецот на Македонија, Мартин Поповски, одигра солидна партија во дресот на Амичитија Цирих во швајцарскиот шампионат.

Цирих на свој терен забележа важна победа над Базел, 26:25, иако на полувреме резултатот беше 10:15 за гостинската екипа. Со добра одбрана во вториот дел домашната екипа направи пресврт и стигна до важни бодови.

Мартин Поповски на овој натпревар постигна три гола од пет обиди и беше меѓу главните стрелци. По 22 одиграни натпревари, Базел, останува на 9 позиција на табелата со седум освоени бодови и биланс од 17 порази, две победи и три нерешени средби.

Следен предизвик за Поповски и Цирих е гостувањето во следното коло против екипата на Вакер Тун.