Поповски ефикасен, Цирих ја прекина серијата порази

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, конечно ја прекина серијата порази во швајцарскиот шампионат.

Цирих на домашен терен одигра 23-23 со фаворизираниот тим ТВ Сур Арау, а и на полувремето беше нерешено, 11-11.

Поповски беше втор стрелец на овој натпревар и успеа да постигне три гола од пет обиди.

Ова беше втор бод за Амичитија Цирих во досегашниот дел од сезоната, откако пред три месеци одиграа реми со Криенс.

Следниот меч за Поповски и Цирих ќе биде гостувањето кај составот на Вакер Тун.