Поповиќ има корона, Будуќност ќе го води ракометарка од клупата!

Ракометарките на Будуќност во петок на свој терен го пречекуваат унгарскиот шампион, Ѓер во рамките од заостанатиот натпревар од 6-то коло во Лигата на шампионите.

Тренерот на Будуќност, Бојана Поповиќ е позитивна на Ковид-19 и поради тоа нема да може да ги предводи ракометарките од Подгорица во наредните десет денови.

Раководството на клубот одлучи поранешните репрезентативки на Црна Гора и ракометарки на Будуќност, Милена Раичевиќ и Сузана Лазовиќ да го предводат црногорскиот шампион во дуелот со Ѓер.

Беше одлучено Милена Раичевиќ да остане во црногорскиот тим како помошен тренер на Бојана Поповиќ. Некогашниот плејмејкер на Црна Гора мораше да ја пропушти сезоната на клупско ниво поради бременост, но би требало да се врати на терените од следната сезона, додека Лазовиќ откако ја заврши играчката, започна тренерска.