Политиката се замеша во спортот: Украинецот Бебешко и уште четворица заминаа од рускиот Таганрог

Поранешниот селектор на Украина, Сергеј Бебешко го напушти тимот на Донски Козаци-СФУ од Таганрог. Поради ситуацијата која владее меѓу Русија и Украина тој одлучи да си замине од Русија и од клубот, а го следеа уште четири ракометари.

Клубот го напуштија и Алексеј Шинкел, Максим Несвадба, Максим Дроздов и Дмитриј Дачук. Станува збор за ракометари од Белорусија.

Како што е веќе познато Русија вчера почна воена операција во Украина и во моментов владее војна во поголем дел од оваа земја.

Останува непознато што и како ќе се случува во следниот период односно како ќе се одвиваат настаните.