Познат поширокиот список на Русија за Мундијалот во Египет, нема ниту еден вардарец!

Селекторот на машката руска репрезентација, Велимир Петковиќ, го објави поширокиот список на ракометари за Мундијалот во Египет.

На списокот се најдоа 35 играчи, а меѓу нив нема ниту еден од двајцата ракометари на Вардар, Тимур Дибиров и Глеб Калараш.

За Дибиров веќе беше најавено дека нема да игра повеќе за националниот тим, а Калараш не беше ниту на претходниот собир за квалификациите за ЕП, па и за него стана јасно дека не е во плановите на Петковиќ.

Тука се познатите Павел Атман, Данил Шишкарев, Дмитри Кисељов, Александар Шкурински, Дмитри Санталов, Сергеј Марк Косоротов, Виталиј Комогоров…а иако нема клуб, Петковиќ на поширокиот список го стави и Сергеј Горпишин.

Русија е во група со Белорусија, Словенија и Јужна Кореја на СП во Египет и ќе игра во Александрија.