Познат е составот на Русите – со Шишкарев, но без Атман и Санталов на Мундијалот во Египет

Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ, го објави списокот од 22 ракометари на кои ќе смета на подготовките за Мундијалот во Египет.

На првиот собир ќе има 20 ракометари, додека по Нова Година ќе се приклучат поранешниот вардарец Данил Шишкарев и Азат Валиулин, кој игра со Мартин Томовски во бундеслигашот Лудвигсхафен.

Поради повреди на СП нема да играат Павел Атман, Михаил Виноградов и Дмитри Санталов, па бековската линија на Русија ќе биде значително ослабена. Единствен класичен плејммејкер останува Дмитри Житников од ПИК Сегед.

Русија ќе одигра четири пријателски натпревари пред СП – против Полска и Алжир на турнирот во Полска од 27 до 29 декември, како и против Аргентина и Шпанија на турнирот во Русија од 6 до 8 јануари следната година.

„Зборнаја“ е во група со Белорусија, Словенија и Јужна Кореја на шампионатот кој се игра од 13 до 31 јануари во Египет.