Познат е Ол Стар тимот: Радичевиќ е најдобро десно крило, Рајстад е МВП на ЕП 2022!

Медиа тимот на Европската ракометна федерација го објави Ол Стар тимот на Европското првенство, кое денеска завршува во Словенија, а се одржуваше и во Македонија и Црна Гора.

За најкорисна ракометарка, односно МВП на ЕП 2022 е прогласена норвешката репрезентативка Хени Рајстад.

Во Ол Стар тимот се наоѓа уште една Норвежанка, средниот тим Стине Офтедал, а Јованка Радичевиќ е најдобро десно крило.

Најдобро лево крило е Ема Фрис од Данска, најдобра голманка Клеопатра Дарле од Франција, додека најдобар пивот е Паулета Фопа исто така од Франција.

На левата и десна бековска позиција се Кристина Неагу од Романија и Катрин Клујбер од Унгарија, додека за најдобар дефанзвец е избрана Катрин Хејндл од Данска.

Денеска завршува ЕП со мечот за бронза од 17:45 меѓу Франција и Црна Гора, додека финалето е од 20:30 часот меѓу Данска и Норвешка.