Познато е кога ќе се играат македонско-српските двобои во СЕХА лигата

СЕХА лигата ги објави термините и саатниците за натпреварите од четвртото коло во регионалната конкуренција, дивизија „Југ“.

За Вардар гостувањето кај вицепрвакот Партизан ќе биде последно во групната фаза, а тој меч ќе се игра на 28 февруари.

Натпреварот е закажан во СЦ „Вождовац“ со почеток во 18:00 часот. Вардар славеше на првата средба против Партизан со 31-26.

Вториот македонско-српски двобој ќе биде меѓу нашиот вицепрвак Еурофарм Пелистер и српскиот шампион Војводина на 2 март.

Овој дуел ќе се игра во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот и ќе биде прв домашен оваа сезона за битолчни во СЕХА лигата.