Познати шеширите пред ждрепката за Купот на Македонија кај дамите

Откако беа објавени шеширите пред ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија кај мажите, денеска се познати и шеширите пред ждрепката во ова натпреварувања кај дамите.

Оваа сезона ќе играат 15 екипи, кои во осминафиналето ќе бидат поделени во три групи по четири екипи и една со три екипи. Ранкингот на екипите е направен според пласманот во Женската лига минатата сезона.

Во првиот шешир ќе бидат освојувачот на трофејот од минатата сезона, Металург, кој и во Женската лига беше во ТОП 4 заедно со шампионот Ѓорче Петров, Куманово и Вардар.

По одигрувањето на осминафиналните натпревари на 18/19 март, најдобрите четири екипи ќе обезбедат место на завршниот турнир што ќе се одржи на 13/14 мај 2023 година.

Куп на Македонија, жени, ждрепка:

шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Металург, Вардар
шешир 2: Чаир, Стружанка, Деспина, Пелистер
шешир 3: Овче Поле СУ, Шампион, Гевгелија, Астибо
шешир 4: Спартак, Кузман Вардар, Скопје