Познати шеширите пред ждрепката за групите од Прва лига

Извлекувањето на групите за Прва Лига и извлекувањето на редните броеви за одредување на распоредот за новата сезона, како што веќе најави 24Ракомет, ќе се одржи в понеделник.

Терминот е 12:00 часот, а ќе се одржи во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Во Првата лига ќе играат 16 екипи, поделени во две групи по осум, а познати се и шеширите пред ждрепката.

Шешир 1: Металург РА, Аеродром
Шешир 2: Македонија Ѓорче Петров, Риниа
Шешир 3: Скопје, Шампион, Драчево
Шешир 4: Борец, Јехона, Кичево, Преспа
Шешир 5: Вардар Неготино, Делчево, Куманово, Партизан, Текстилец

Во група А ќе бидат екипите од Шешир 4, една екипа од Шешир 1, една екипа од Шешир 2 и две екипи од Шешир 3. Во група Б ќе бидат екипите од Шешир 5, една екипа од Шешир 1, една екипа од Шешир 2 и една екипа од Шешир 3.

Системот на натпреварување во секоја група во Прва Машка Лига ќе се одигра по еднокружен бод систем, дома и гости, вкупно 14 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат плеј-оф и плеј-аут групи составени од осум екипи.

Екипите од 1 до 4 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-оф групата од осум екипи. Екипите од 5 до 8 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-аут групата од осум екипи. Победникот во Првата Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј-аутот во Суперлига.