Познати шеширите – кои екипи се носители во ждрепката за Купот на Македонија

Утре во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за четвртфиналните групи во машкиот Куп, како и за полуфиналните двојки во женскиот Куп.

На завршниот турнир во женскиот Куп на Македонија ќе играат екипите на Куманово, Вардар, Металург и Чаир. Натпреварите од Ф4 ќе се играат на 8 и 9 мај.

Во машкиот Куп ќе се играат четвртфиналните групи, а 16 суперлигаши се поделени во четири шешири.

шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Металург
шешир 2: Бутел Скопје, Пролет, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2
шешир 3: Струга, КЛ7, Прилеп, Радовиш
шешир 4: Јуниор КВ, Работнички, Младост Богданци, Астраион

Во групите ќе се игра по еден полуфинален натпревар помеѓу екипите позиционирани во група 1/4 и 2/3. Победниците од овие натпревари ќе играат финален натпревар на 31 март и 1 април.

Победниците на финалните натпревари по групи се учесници на Ф4, а натпреварите од завршниот турнир треба да се играат од 29 до 31 мај.