Познати термините за Ф4 во СЕХА – Вардар против Мешков Брест во првото полуфинале

Екипата на Вардар со пласманот на Ф4 турнирот во Задар го комплетираше списокот на учесници на завршниот турнир, а таму место претходно имаа обезбедено Веспрем, Мотор Запорожје и противникот на „црвено-црните“, Мешков Брест.

Уште претходно беше познато кој ќе биде противникот на Вардар, а сега е јасно и дека овој двобој меѓу шампионите на Македонија и Белорусија ќе биде првиот на програмата в петок. Вардар против Мешков Брест ќе игра од 18 часот.

Во вториот термин од 20:30 часот ќе играат Веспрем против Мотор Запорожје, па ќе има интересна пресметка за пласман во финалето в недела од 19 часот.

  1. ФАЈНЛ-ФОР ТУРНИР ВО СЕХА

ЗАДАР (3-5 СЕПТЕМВРИ, 2022)

ПОЛУФИНАЛЕ (ПЕТОК, 3 СЕПТЕМВРИ)

18:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР

20:30ч

ВЕСПРЕМ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (НЕДЕЛА, 5 СЕПТЕМВРИ)

16:30ч

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

19:00ч

ФИНАЛЕ