Познати термините за СЕХА двобоите на вардарци и пелистерци

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар следната недела ќе ги одиграат првите четвртфинални натпревари во регионалната СЕХА лига, дивизија „Југ“.

Битолчани ќе бидат домаќини на словачкиот Татран Прешов во вторник на 4 април од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Вардарци ќе ја пречекаат Војводина, односно комбинираниот тим на српскиот првак, во СЦ „Јане Сандански“ на 6 април, исто така од 18:00 часот.

Македонските екипи реваншите ќе ги одиграат на гостински терен во Прешов и Нови Сад една недела подоцна.

Ако ја мине Војводина, Вардар ќе се бори за Ф4 со белорускиот првак Мешков Брест, додека Еурофарм Пелистер ако го мине Татран Прешов ќе разигрува со рускиот шампион Чеховски Медведи.