Познати судиите за двомечот меѓу Македонија и Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Црна Гора во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Двомечот ќе се игра на 7 и 10 октомври, а Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за овие средби.

На првиот дуел што ќе се игра во Скопје на 7 октомври од 20:15 часот, правдата ќе ја делат Џема и Јахја од Косово, а делегат ќе биде Камер Металари.

Возвратниот дуел ќе се игра во Подгорица на 10 октомври, а судии ќе бидат Јовчев и Јончев од Бугарија, додека делегат ќе биде Радош Ракочевиќ.